Беран Алији, 19-годишното момче, кое е главниот осомничен за планирање терористички напади на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, Австрија, ретко доаѓал во Гостивар, од каде се неговите родители, пренесува хрватскиот портал „24сата.хр“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Имал прекар Мухамед, а во Македонија бил кога бил мал. Роден е во Виена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соседите за порталот го опишуваат како мирно и воздржано дете, кое не правело проблеми.
-Доаѓаше овде и порано, но не го паметиме многу добро. Неговите родители не се некакви верски фанатици, навистина не знаеме што се случило, велат соседите, кои посочуваат дека неговите родители биле религиозни, но ни случајно вака радикални.
-Станува збор за традиционално семејство. Мислиме дека не ни живеел со своите родители. Фала му на Бога што не успеа во своите намери, ќе беше катастрофа.
Не знаеме што имало во главата на тоа дете, за да се одлучи за такво нешто, велат соседи на семејството, кои посочуваат дека тој не се радикализирал во Гостивар.
Неговото минато по барање на австриските власти го истражува и македонското Министерство за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ