Патнички сообраќај Транскоп АД Битола лани имал вкупни приходи од 114.254 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, истите бележат намалување од 7,51%, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Од овој приход, на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 112.733 илјади денари или 98.68%.
Оперативните приходи во износ од 114.239 илјади денари бележат намалување од 7,48% во споредба со оперативните приходи во истиот период претходната година.
Финансиските приходи учествуваат со 0.013% во вкупните приходи, велат од таму.
Друштвото остварило нето добивка од 5.020 илјади денари.
-Вкупните расходи од работењето во износ од 108.653 илјади денари, бележат намалување од 8,12% во однос на вкупните расходи во истиот период претходната година.
Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и материјали (гориво и резервни делови) во износ од 34.721 илјади денари и трошоците за вработените во износ од 37.608 илјади денари, кои бележат пораст од 7,68% во однос на минатата година.
Финансиските расходи (камати од кредити) во износ од 2.469 илјади денари бележат зголемување за 7,33% во однос на истиот период од претходната година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Патнички сообраќај Транскоп со добивка во третиот квартал
Битолски Транскоп со добивка во првото полугодие