еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 останува на слобода, во затвор нема услови да се лекува

Бојан Јовановски Боки 13, осуден за случајот „Рекет“ останува на слобода, откако пред неколку месеци доби условен прекин на казната и излезе од затвор, поради здравствени проблеми.

На него му се суди и за друг предмет поврзан со неговото здружение „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“

Како што објави Скопје 1 во медицинскиот став од конзилијарното мислење на десетина доктори презентиран во Кривичниот суд Скопје, болеста на Јовановски не може да се третира во затвор, бидејќи нема терапија, ниту услови, а тој е инвалид од прв степен.

На Јовановски му се препорачува да биде физички активен, вели за порталот началникот доктор-специјалист Стојанче Јованов, на прашањето како Боки 13 е во лоша состојба, а е постојано присутен во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Боки 13 ја преработи „Само една песна таговна“ на Пепи Бафтировски

Тој посочува дека на Јовановски не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност, но истовремено, вели дека состојбата му се третира секојдневно со болнички лекови и посебни режими.

„Во затвор не може да прима адекватен хигиено диететски режим, ниту да ја прими терапија секогаш кога му е потребна, во даден момент. Пациентот кога има јаки болки доаѓа и два до три пати во болница за да може да функционира.

Особено во затворски услови не може да се спроведува хигиено-диететски режим, а ако тој не се спроведува, ќе дојде до катастрофални последици кои можат да бидат и смртни. Хигиено-дитетскиот режим и спроведувањето на таквиот протокол е најважен за овој тип болест“, вели Јованов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Боки 13 побара повторување на постапката за „Рекет“, тврди дека Камчев и Русковска знаат каде се парите од чантата „Луј Витон“

Боки 13 најави документарно-игран филм “Рекет“

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Фото: Фејсбук/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО ДПМНЕ ќе бара амнестија за сите инволвирани: Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Редакција

Полицијата изрече 561 казна за неносење заштитна маска

Редакција