еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По 15 години Бугарите повторно ја воведоа мерката 20 евра за дезинфекција на возило на граница

По 15 години прекин, Бугарија повторно ја воведе непопуларната мерка дезинфекција на возилата на граница, за што превозниците ќе треба да плаќаат по 20 евра.

За сега оваа мерка е воведена само на граничниот премин со Турција, Капитан Андреево – Капикуле, но постојат информации дека ќе почне да се применува и на другите гранични премини.

На овој проблем денеска укажа Транспортна асоцијација БЕСТ Мобилити – НТА, која бара итна реакција и интервенција од надлежните органи.

Претседателката Оливера Миовска информираше дека ова ќе значи директен трошок од 20 евра по возило, како и индиректна финансиска штета со зголеменото време на чекање и на минување на границите, што се одразува на вкупното времетраење на транспортите на стоки.

„Оваа практика беше прекината по долгогодишна борба на превозниците пред 15 години, а сега повторно се воведува. Претставниците на турските и грчките превозници веќе размислуваат за алтернативни транспортни коридори, што само укажува на сериозноста на ситуацијата и потенцијалот за економски и логистички последици при регионалната размена.

Македонските превозници, кои често ја користат оваа рута, се соочуваат со истите последици и се подложни на новите оптоварувања наметнати од Бугарија. Како претставник на македонските транспортери на национално и меѓународно ниво, а и како потпретседател на БСЕЦ-УРТА, сме согласни дека оваа неправедна и оптоварувачка мерка треба да биде укината што е можно поскоро,“ вели Миовска.

Турција веќе вовела реципрочни мерки, само за тој граничен премин и само за бугарските возила.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

East Gate Mall и групацијата LPP донираа матурски комбинации на социјално ранливи средношколци од Скопје

Редакција

MaxBet ќе го освојува македонскиот пазар – отворени канцеларии во Скопје

Редакција

Синот на Мицкоски, Јован, не престојувал во САД на државен трошок, утврди Антикорупциска

Редакција