еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ванхојте ќе ги олеснува уставните измени во Македонија, не и во Бугарија

Од белгиското Министерство за надворешни работи (МНР) за државната агенција МИА потврдија дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте, кој веќе е во Македонија и е добро познат на македонската јавност, ќе работи на постигнување на компромис за усвојување на уставните измени во рамки на проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС), а подржан од Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванхојте се врати во Македонија, ќе ги „турка“ уставните измени

– Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, вели за МИА портпаролот на белгиското МНР, Давид Јорденс.

Според Јорденс, проектот се спроведува под независна одговорност на ЦЕСС и е предводен од Ванхојте, во својство на „независен посредник на високо ниво со долгогодишно искуство во градење капацитети и посредување во Западниот Балкан и особено во Северна Македонија“.

– Белгија само одлучи да го поддржи проектот на ЦЕСС, во рамките на својата долгогодишна политика за поддршка на проекти за посредување низ целиот свет и имајќи ја предвид својата улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, додава Јорденс.

Според извори во белгиското МНР, проектот за посредништво е фокусиран само на Македонија, а Бугарија не е опфатена со него, како што објавија претходно медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ очекува од Силјановска Давкова и новата влада да ги исполнат обврските на Македонија за влез во ЕУ

Фото: Фејсбук/Ванхојте

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот Танев за случајот со убиството на Денис Тот: Се работи само за една обична тепачка

Редакција

МНР апелира македонските државјани во најскоро време да ја напуштат Украина

Редакција

Нема да биде екстрадиран во САД: Мексико ќе му понуди азил на Асанж

Редакција