еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ очекува од Силјановска Давкова и новата влада да ги исполнат обврските на Македонија за влез во ЕУ

Освен честитки, од Европската Унија (ЕУ) ги потсетија новатата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и новата влада, која допрва треба да се формира, и на обврските кои ги има земјата на патот за влез во ЕУ.

Во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија (ЕК), Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Силјановска Давкова и новата влада им се порачува дека треба да соработуваат и да го унапредат патот на Македонија кон членството во ЕУ со тоа што ќе ги исполнат обврските што ги има земјава и ќе спроведат реформи.

Двајцата велат дека очекуваат да се формира стабилна влада и дека ќе има соработка.

„ЕУ и честита на претседателката Силјановска Давкова за изборот и со нетрпение очекува да работи со новата претседателка – првата жена шефица на државата. Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада.

Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Северна Македонија кон ЕУ, во што тука спаѓа спроведувањето на клучни реформи особено во областа владеење на правото и во борбата против корупцијата и во интерес на сите граѓани“, стои во заедничката изјава.

Во изјавата се укажува и на обврската на Македонија за уставни измени со кои Бугарите и други малцински заедници трерба да се внесат во Преамбулата од Уставот.

„Северна Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.

ЕУ и Северна Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи да се развива и понатаму“, велат Борел и Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванхојте ќе ги олеснува уставните измени во Македонија, не и во Бугарија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои пратеници ги предложија законските измени за Бехтел и Енка, со кои конзорциумот нема да плаќа данок, царина и акциза

Редакција

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

Редакција

(Фото) Скопје се разбуди со снег

Редакција