еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Скопје се разбуди со снег

Скопје изутирнава се разбуди со снежна обвивка.

Времето во Македонија утрово е облачно со врнежи кои во северните делови во земјата преминаа во снег, додека на југот се уште се претежно од дожд.

Во ноќните часови беше ветровито, а изутрината дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

До 7 часот најмногу снег наврна во Маврово 11 сантиметри (Маврови Анови), во Пожаране девет, во Лазарополе осум, во Тетово пет, во Крива Паланка четири, во Куманово и во Ѓуриште три, и во Крушево и Берово два сантиметри.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица 18 литри на метар квадратен, Маврово -15, Берово – 13, Лазарополе – 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Дојран – девет, Гевгелија – осум, Штип и Демир Капија – четири, Крушево – три, Куманово, Охрид и Претор – два, и Скопје и Битола еден литар на метар квадратен.

Најстудено беше во Маврово каде беа измерни – 6 степени, во Лазарополе и Крушево – 4, во Крива Паланка -2, а најтопло во Претор каде се измерени четири степени.

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне три степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата

Редакција

Од утре се отвараат сите гранични премини, влез во Македонија со тест за Ковид-19

Редакција

Родители од Штип на протест на пешачкиот премин каде беше прегазен средношколец: Преземето нешто, заштитете ги децата

Редакција