еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вања имала виртуелно момче од Шведска кое на профил имало знамиња на ИСИС, полицијата не нашла поврзаност, изгубила два дена во проверки

Полицијата изгубила два дена во проверка на момче од Шведска, кое на профилот имало знамиња на Исламската држава (ИСИС), со кое комуницирала убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, откри на денешното рочиште Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

Тој посочи дека полицијата работела на различни теории, сугерирани од родителите на Вања, а во случајот со момчето не нашле никаква поврзаност со нејзиното убиство.

„Работевме на различни теории произлезени од родителите, а една од нив беше поврзана со нејзиниот виртуелен дечко од Шведска,“ рече Димовски, кој појасни дека со него Вања разговарала на англиски јазик, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите.

„Го проверивме профилот и забележавме дека на неговата страна имаше знамиња поврзани со ИСИС. Тоа го направи случајот уште посериозен и веднаш вклучивме колеги од други оддели за да ја провериме таа можна закана,“ рече тој, посочувајќи дека се преземале обемни проверки, вклучително и соработка со шведските власти, како и проверки на границите, но истрагата не резултирала со конкретни наоди.

„За жал, сите проверки беа негативни и оваа трага не водеше никаде. Изгубивме два дена работејќи на оваа теорија,“ рече Димовски, објаснувајќи дека полицијата морала да одземе телефони и компјутери за детални анализи, кои траеле неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите Манев и Видевски посочиле на вмешаност на таткото на Вања

Таткото на Вања по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат, откри началник на СВР

Вања беше како жива, солзи ни дојдоа на очите: Началник на СВР раскажа дека полицајците биле шокирани кога било пронајдено нејзиното тело

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српските разузнавачи уапсија Mакедонец заради кражба на документација за производство на муниција

Редакција

(Фото) Алкалоид и на јужноамериканскиот пазар: Одобрен лек на компанијата во Чиле

Редакција

Мијалков ќе го испрашува Костовски: Нови рочишта за „Таргет-Тврдина” и „Топлик“ на СЈО

Редакција