еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Алкалоид и на јужноамериканскиот пазар: Одобрен лек на компанијата во Чиле

Македонската фармацевтска компанија Алкалоид информира дека го проширува своето портфолио на производи и на јужноамериканскиот пазар.

“Институтот за јавно здравје на Чиле (ISP) неодамна го издаде првото одобрение за ставање во промет лек произведен од „Алкалоид“ АД Скопје. Одобрението за ставање лек во промет се однесува на лек во форма на таблети, кој е наменет за краткотрајно лекување несоница кај возрасни.

„Алкалоид“, поддржан од своите партнери на оваа територија, продолжува со регулаторните активности за компилирање досиеја за прва регистрација и на други лекови, во согласност со националните регулаторни барања во Чиле. Се стремиме и се надеваме дека бројот на добиени одобренија за ставање лек во промет во Чиле ќе се зголеми до крајот на оваа година”, информираат од “Алкалоид”.

Над 60% од производството на Алкалоид се пласира во повеќе од 40 земји во светот.

“Алкалоид” e една од најголемите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, со современи производи погони кои се простираат на 60.000 метри2 и повеќе од 2.500 вработени во базата во Скопје и во 20-те подружници во 15 земји во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Фуркан Салиу објави нови снимки од неговото приведување

Редакција

Неколкукратно намалена добивката на „Мода“ АД Свети Николе

Редакција

Надзорниот одбор денеска не ги разреши директорите на М-НАВ, седницата продолжува утре

Редакција