Во Македонија според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) од вчера, се активни 13 пожари.
Помош во гаснењето земјава доби од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Турција.
Во гасењето на пожарите од наши воздухоплови учествуваат три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (денеска треба да се вклучи уште еден голем хеликоптер на МВР, МИ 171, кој бил на сервис), и два хеликоптери на АРМ.
Од странство учествуваат два ер трактори и еден хеликоптер од Турција, еден голем хеликоптер од Србија, два хеликоптери од Словенија, еден канадер од Хрватска и еден хеликоптер од Црна Гора
Фото/видео: ЦУК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.