еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Моќна порака на исламски свештеник кон верниците: Денеска е Курбан Бајрам

Денеска, припадниците на исламската вероисповед го слават Курбан Бајрам.

Честитајќи им го празникот на нашите сограѓани, ќе објавиме видео кое е доста споделувано на социјалните мрежи, а на кое говори муслимански свештеник.

„Верата не е само да постиш, да се поклонуваш и да го читаш Куранот. Верата е половина чистота, а ние први по загаденоста, во целата земја. Најдете ми еден град, кој по големина е како нашиот, а да е волку валкан. Ние денеска, не можеме да поминеме улица од диви депонии.

Ние денеска возиме автомобили од 100.000 евра, се тоа тип топ, фул. Кога ќе прашаш што се има од опрема, вели фул, а отвара прозор и го фрла ѓубретот од прозор.

Верувајте ми браќа, она што останува во автомобилот е поголемо ѓубре, од тоа што е фрлено, бидејќи го прави спротивното од тоа што Возвишениот го кажал. Валкањето чисти места е харам (забрането од она што Исламскиот закон го проповеда), а нам тоа денес ни стана нормално,“ вели меѓудругото во беседата овој исламски свешетник во џамија во Нови Пазар, Србија.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Воената морнарица во Лисабон со плотуни го поздрави доаѓањето на Шекеринска: Македонија и Португалија за првпат почнуваат соработка во одбраната

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 5.489 тестирања

Редакција

Што пишува во Уставот: Колку пратеници може да постават прашање на доверба на Владата

Редакција