еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како стигна до две победи на Евровизија: Која е Лорин?

Шведската пејачка и текстописец Лорин, добро позната и на македонската јавност по една од најслушаните песни на Евровизија на сите времиња, „Еуфорија“, со која победи во 2012 година, синоќа по вторпат со песната „Тетоважа„, го освои првото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Која е Лорин

Нејзиното целосно име е Лорин Зинеб Нора Талхауи, а родена е во октомври 1983 година.

Родена е во Стокхолм, Шведска, од родители имигранти од Мароко.

Пораснала во Вестерас, а најголемиот дел од тинејџерските години ги поминала во станбената област Грита.

Музичка кариера

Запливала во музички води во 2004 година, учествувајќи во реалното шоу „Идол“.

Следната година го издала својот прв сингл, „The Snake“, со бендот Rob’n’Raz и станала телевизиски презентер на ТВ 400.

Работела како сегментен продуцент и режисер за неколку шведски реални ТВ-шоуа.

Со синоќешната победа стана вториот пејач во историјата на Евровизија, кој победил двапати и прва жена на која и успеало тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Само двајца пејачи во историјата на Евровизија победиле по двапати

Активист за човековите права

За време на натпреварот за песна на Евровизија 2012 година во Баку, Азербејџан, Лорин беше единствената учесничка која се сретна со локални активисти за човекови права.

Таа подоцна изјави дека „човековите права се кршат во Азербејџан секој ден. Не треба да се молчи за такви работи“.

Истата година Лорин настапи и на Славјански базар во Белорусија, каде што присуствуваше белорускиот претседател Александар Лукашенко. За време на посетата на земјава, таа се сретна со сопругата на политичкиот затвореник Алес Бјалијатски, со претставници на „Вијасна“ и независни новинари, а на средбата им изрази поддршка на политичките затвореници и ја потпиша петицијата за забрана на смртната казна во земјата.

Во август 2013 година, Лорин беше амбасадор на Шведскиот комитет за Авганистан и го посети Кабул и селото Јаскин Бала во долината Варсај со Карл Билт, тогашниот министер за надворешни работи на Шведска.

Во март 2022 година, Лорин настапи на Sverige samlas och hjälper гала во живо, за собирање средства за поддршка на Украина по руската инвазија.

Приватен живот

Лорин беше во врска со победникот на “Идол 2004“, Даниел Линдстром помеѓу 2004 и 2006 година. Линдстром го посвети својот прв албум по победата на “Идол“ на Лорин.

На почетокот на 2017 година, Лорин објави дека е бисексуалка, а во 2021 година, откри дека има момче.

Повеќе инфо ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за Евровизија

Фото/видео: Eurovision Song Contest

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема ни куќа, ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил бегалецот Никола Груевски

Редакција

СДСМ сака да биде ВМРО-ДПМНЕ: Гради гасовод на Водно на празник, уништува зеленило навечер

Редакција

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

Редакција