еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Моќна изведба на „Заветна“ на Андријана Јаневска и оркестарот на АРМ

Завчера во Македонската филхармонија се одржа предновогодишниот концерт во организација на Министерството за одбрана, Генералштабот и оркестарот на македонската Армијата.

Беа изведени и неколку македонски песни, а публиката без здив ја остави изведбата на неофицијалната химна на Македонија, „Заветна“, која ја испеа македонската пејачка Андријана Јаневска (во видеото изведбата е пред крајот на концертот – 2:00:00).

На концертот кој се одржа под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, свиреа и музичари од вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД.

Се свиреше музика на Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, а беа отпеани и бројни други македонски песни, како „Учи ме мајко, карај ме“, „Налеј, налеј“…

Фото: МО/Видео: МРТ/МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инаугурација на Силјановска викендов

Редакција

(ВИДЕО) Со Груевски во Будимпешта ручал вработен во Царинската управа

Редакција

Уапсен 21-годишниот Србин кој уби осум лица кај Младеновац, по него трагаа 600 полицајци

Редакција