еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Уапсен 21-годишниот Србин кој уби осум лица кај Младеновац, по него трагаа 600 полицајци

Масовниот убиец кој синоќа уби осум и рани 13 лица е уапсен во околината на Крагуевац, дознава Радио Телевизија Србија (РТС).

По него трагаа повеќе од 600 припадници на српското МВР.

Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе.

Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин.

Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и Општата болница „Свети Лука“ во Смедерево.

Двајца од оперираните во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се во животна опасност, осуммина од Ургентниот центар во Белград се стабилни, додека четворица починаа во Смедерево, две лица се пренесени во Белград, а три се оперирани.

Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија.

Во средата, на 3 мај, во утринските часови, тринаесетгодишен ученик од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ со пиштол уби осум ученици и еден чувар, а рани седуммина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Младеновац киднапирал таксист, сакал да побегне во Крагуевац

Нова трагедија во Србија: 21-годишник уби осум лица, 15 се ранети 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „успехот“ на системот со Мијалков: Добро утро Македонци, се напивте ли чаша нафта за доручек?

Редакција

Данела Арсовска остана без директори, „цехот“ од политичките игри ќе го платат граѓаните

Редакција

Се дефинира максималниот износ на трошоците за кредит: Што предвидуваат измените на Законот за финансиски друштва

Редакција