еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Данела Арсовска остана без директори, „цехот“ од политичките игри ќе го платат граѓаните

Ангеле Стојковски, директорот на ЈП “Паркови и зеленило“, кадар на Социјалистичката партија е последниот во низата директори на скопските јавни претпријатија, кој поднесе оставка поради наводно несогласување со работата на градоначалничката Данела Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

До сега оставки дадоа и директорите на  „Градски паркинг“ – Скопје, Бојан Христовски, ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски, на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, на ЈСП Турс, Филип Василевски и на Јавното претпријатие Лајка – Скопје, Воислав Димитровски, а разрешен беше и в.д. директорот ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, Златко Перински.

На функција останаа само директорот на ЈСП „Скопје“, Александар Стојковски и директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, а единствено „Водовод и канализација“ засега доби нов директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марјан Митовски на местото на Златко Перински во ЈП Водовод и канализација Скопје

Кавгата помеѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, но и неговите коалциони партнери, започна поради тендерот од 136 милиони евра за Пречистителна станица во Скопје, а претходно, барем јавно, немаше никакви несогласувања помеѓу градоначалничката, која стигна до таа функција со подршка токму на ВМРО-ДПМНЕ.

И од овие политички игри, како и секогаш, најголем проблем ќе имаат граѓаните, на кои треба да им служат овие јавни претпријатија, кои неможат да се пофалат со некоја голема ефикасност, и најчесто се место само за политички вработувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ангеле Сотировски, директорот на „Паркови и зеленило“, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Борис Настов, директорот на ЈП Улици и патишта, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Филип Василевски, директорот на ЈСП Турс, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Фото: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

Редакција

„Адора инженеринг“ е купувачот на 5.300 акции од „Комерцијална банка“ за кои плати 521.000 евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 403 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција