еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По „успехот“ на системот со Мијалков: Добро утро Македонци, се напивте ли чаша нафта за доручек?

Македонските граѓани досега навикнаа на политички манипулации од секаков калибар, но вчерашното појавување на Сашо Мијалков откако два дена беше недостапен за органите на прогонот се чини дека е врв на фарсата во земјава и показател за осакатен систем.

Најпрво, токму системот беше посочен како „виновник“ за бегството на Мијалков, за неколку часа подоцна откако тој реши сам да се пријави, тоа да биде претставено како успех на системот.

Режијата на појавување на Мијалков придружен од приватно обезбедување наместо од полиција пред само една камера и новинар и образложението дека имал температура и бил во изолација, па не знаел дека го бараат е толку евтина, што може да позавидат и продукциите од Боливуд.

Овој виц станува уште посмешен поради тоа што на човек за кој самата власт тврди дека избегал, па под притисок се предал, повторно му се дава куќен притвор. Имено, во нормални држави, бегалците се ставаат зад решетки.

Сега, воопшто не е важно што се случувало зад кулисите и какви преговори имало пред предавањето на Мијалков. Овој случај покажа дека еден човек може да си поигрува со извршната власт како што ќе посака и дека во земјава има нефункционален систем кој трокира кога се во прашање политички игри и договори.

Граѓаните сега со нетрпение ја очекуваат пресудата за прислушувањето случајот „Таргет-Тврдина“, којашто најдобро ќе покаже дали во земјава има трошка правда или таа не важи за крупните риби.

Каков и да биде епилогот за овој случај, Македонците не пијат нафта и ќе знаат да казнат неправда веќе на локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

Русковска: Се радувам што Мијалков сам се пријави, ќе размислиме дали ќе бараме затворски притвор

Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, полиција нема, камера има

Заев: Мијалков побегна, па се предаде откако сфати дека го ризикува семејството и имотот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велика Британија откриен уште еден вид на Ковид-19 со загрижувачки сет на мутации

Редакција

Избори во Грција: Граѓаните сакаат промени

Редакција

Македонци купуваат куќи во Белград

Редакција