еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Изборен трилер во Скопје – речиси изедначени Пендаровски и Силјановска“: Грчките медиуми за претседателските избори

Редакција

Изречени 692 санкции за неносење маска

Редакција

Убава вест: Оздравени 245 болни од Ковид-19

Редакција