еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска: Се радувам што Мијалков сам се пријави, ќе размислиме дали ќе бараме затворски притвор

Искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави, изјави вечерва обвинителката Вилма Русковска, појаснувајќи дека тој преку посредници побарал да се пријави токму во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Обвинителката посочи дека најпрво се консултирала со државниот јавен обвинител дали да го прифатат или сепак да се пријави во полиција.

„Јавниот обвинител рече дека може да се пријави и кај нас. Од кога е дојден до сега Мијалков беше обезбедуван од истражителите кои се во Истражниот центар на Јавнто обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, додаде Русковска.

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор, обвинителката рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

„Мене колку што ми е познато, а тоа е од разговор со претседателот на Судот и тоа беше во претпладневните часови, самиот претседател замоли да биде повлечена жалбата затоа што и фактички решението до тогаш не беше спроведено, нели се уште беше недостапен обвинетиот Мијалков и да не се губи време да се поднесе нов предлог за определување мерка притвор затоа што првото решение не беше спроведено.

Потоа, колку што имам сознанија разговарале и на таа тема со јавниот обвинител Љубомир Јовевски, истиот се согласил и така од тие причини тогаш е повлечена жалбата“, рече Русковска.

На прашањето дали сега повторно ќе побараат затворски притвор, обвинителката кажа дека ќе размислат, бидејќи цел ден беше доста бурен.

„Со колегите што го застапуваат предметот, со јавниот обвинител ќе одлучиме. Но сепак олеснителна околност е што самиот се пријави во Обвинителството“, истакна Русковска.

За тврдењето на Мијалков дека бил болен и дека дури утринава дознал оти се трага по него обвинителката рече дека не се видела со Мијалков и не знае како делува, дали е болен или не.

„Единствено се видов со едниот негов адвокат. При разговор со неговиот адвокат двајцата заклучивме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Навистина не знам каде бил“, изјави шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, полиција нема, камера има

Заев: Мијалков побегна, па се предаде откако сфати дека го ризикува семејството и имотот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски и вработените во неговиот Кабинет останаа без плата за јануари

Редакција

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот Универзитет

Редакција

Распродажба во УЈП: Се продаваат 300 парчиња биде, ниви, автомобили, вино, цистерни…

Редакција