еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, полиција нема, камера има

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва обвини дека Владата и премиерот Зоран Заев направиле циркус со случајот со Сашо Мијалков. Тврди дека станало јасно оти има договор меѓу власта и Мијалков.

„Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со посебен третман, со насмевка, со шамар за полицијата, судот, Обвинителството, со шамар за власта.

Недостасуваше уште само да му се извинат, зашто тој им се извини нив. Тоа е најдобра потврда дека има криминална коалиција Зоран, Вице и Сашо. Но, домашниот есап на пазар не излегува“, изјави Мицкоски на прес-конференција во партиското седиште.

Според него, само жестоката јавна расправа го спречила бегството на Мијалков, а не чекорите на власта.

„За десетици часови го упропастија системот и поплукаа по правдата. Дека се е договорено и дека нема логика тоа што тврди Заев, дека жестоко го притиснал и го вратил од намерата за бегство Сашо Мијалков говори тоа што тој се прошета пред камера на провладина ТВ и пред новинар кој случајно се нашол таму.

Полиција нема, ама камера има. Наместо во суд, покана за притвор добива во Обвинителството“, рече Мицкоски.

Забележува и што на Мијалков не му е одреден ефктивен, туку домашен притвор, а ќе нема ниту истрага за бегство. Целиот случај, како што наведе, нема да заврши со лисици на рацете на Мијалков туку со договор, а завршниот чин ќе го видиме во петок.

Прашан дали има ист став и за бегството на Никола Груевски, Мицкоски рече дека сите треба да се соочат со правдата, сите што се бегалци.

За тоа дали има сознанија за договор и со Груевски, како што тврди дека има со Мијалков, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека тоа треба да го каже Заев дали има договори со сите бегалци што ја напуштиле државата

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Заев: Мијалков побегна, па се предаде откако сфати дека го ризикува семејството и имотот

Љубомир Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието може да почне со работа: Постигнат договор помеѓу партиите за распределба на комисиите

Редакција

Активиран членот 4, денеска итен состанок на НАТО за експлозијата во Полска

Редакција

Заев го промени мобилниот уред и бројот: Премиерот и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста

Редакција