еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Прегледите клучни: Лични приказни за жени кои се избориле со рак на јајници

Здружението за унапредување, образование и заштита на човековите и здравствените права, Биди човек Скопје, со поддршка од dm drogerie markt започна со кампањата „Превенција подобро од лекување“ за подигнување на јавната свест за оваријалниот карцином.

За потребите на кампањата е снимен документарен филм во кој своите лични приказни ги раскажуваат три извонредни жени Анита Бошкова, Емилија Христовска Костовска и Марија Сотименова, кои се избориле со ракот на јајниците.

Медицинскиот аспкет на оваријалниот карцином го објаснуаат професорите по гинекологија и акушерство, проф. Д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Глигор Тофоски. За тоа низ што психилошки поминуваат лицата заболени од карцином пренесува психологот Мирјана Стојановска, а пак за тоа кои се здравствените права на пациентите во однос на работниот однос можеме да слушнеме од правничката Неда Чаловска Димова.

Ракот на јајниците често се нарекува тивок убиец поради неговите суптилни симптоми и високата стапка на смртност. Тој е седми најчест рак кај жените на глобално ниво и втор најчест гинеколошки карцином, што доведува до приближно 185.000 смртни случаи годишно ширум светот. Раното откривање значително ги подобрува стапките на преживување, правејќи ја свесноста и образованието клучни.

Кои се симптомите?

Ракот на јајниците често се манифестира со суптилни симптоми кои може да се помешаат со помалку сериозни состојби. Вообичаени симптоми вклучуваат: абдоминална надуеност или оток; брзо заситување; губење на тежина; непријатност во пределот на карлицата; промени во навиките на дебелото црево, како што е запек; честа потреба за мокрење.

Дијагноза

Раното откривање е критично, но предизвикувачко поради неспецифични симптоми. Дијагностичките чекори вклучуваат: ултразвучен преглед на гениталните органи, биохемиски маркери: CA-125 и HE-4, дополнителни дијагностички методи како магнетна резонанца и компјутерска томографија.

Терапија

Плановите за лекување се прилагодени на поединецот и фазата на рак, а може да бидат:

Операција – често првиот чекор за отстранување туморот, хемотерапија, целна терапија и терапија со зрачење.

Рак на јајниците во бременост

Откривањето на рак на јајниците во тек на бременост е ретко, но можно. Симптомите може да се поклопуваат со нормалните промени во бременоста.

Урамнотежувањето на ефективниот третман со здравјето на мајката и бебето е од клучно значење. Опциите вклучуваат операција за време на бременоста или по породувањето, со внимателно разгледување на времето и безбедноста на хемотерапијата.

Документарниот филм ја нагласува издржливоста и храброста на жените кои се соочуваат со рак на јајниците и ја нагласува важноста од рано откривање и едукација. Со ширење на свеста за знаците, симптомите и опциите за третман на ракот на јајниците, можеме да ги поттикнеме жените на рано дијагностицирање и третман.

Филмот е преведен на англиски, албански, ромски и знаковен јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичко „Единство“ од АД ќе стане ДОО, Берзата го стави на „Листата на набљудување“

Редакција

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Редакција

Професор Дејан Трајковски: Се однесуваме како патниците од „Титаник“, а сигурно има 30 дијагностицирани со британскиот сој на коронавирусот

Редакција