еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ лани реализирал 10.000 летови од и до Македонија, летале 2,2 милиони патници

„Виз ер“ ја заврши 2023 година уште еднаш соборувајќи го сопствениот рекорд – над 60 милиони патници избраа да патуваат со авиокомпанијата минатата година, што е досега највисокиот годишен патнички сообраќај за „Виз“ и пораст од 32% во споредба со 2022 година, информираат од таму.

Во 2023 година „Виз ер“ започна речиси сто нови линии, испорача 32 сосема нови авиони Ербас А321нео и прелета 263 милиони километри заедно.

Во 2023 година авиокомпанијата изврши 99,31% од своите планирани летови, што е трет резултат меѓу сите европски авиокомпании и многу над просекот во индустријата. „Виз ер“. Исто така се рангираше во Топ 3 авиокомпании во Европа според уделот на летови извршени точно на време, посочуваат од таму.

Лани со „Виз ер“ летале 2,2 милиони патници во Македонија, што претставува зголемување од 30% во споредба со 2022 година.

Авиокомпанијата им нуди на патниците преку 30 линии до 15 земји од својата база во Скопје. „Виз ер“ реализираше над 10 илјади летови до и од Македонија во 2023 година, а во исто време значително ги подобри оперативните перформанси, достигнувајќи 99,1% стапка на извршени летови, велат од таму.

„Горди сме и среќни што ја завршивме 2023 година со рекорден патнички сообраќај, со мрежа која постојано се развива, со напредна флота и со подобрени оперативни перформанси додека ги задржуваме највисоките стандарди за одржливост во индустријата.

Македонија е еден од клучните пазари во мрежата на „Виз ер“ и ние сме горди што сме водечка авиокомпанија во земјата. Следната година ќе славиме 20 години од ослободувањето на животите на луѓето преку патувања по пристапни цени и едвај чекаме да ги споделиме сите возбудливи авантури и незаборавни моменти кои доаѓаат со нашите патници,“ изјави менаџерот за корпоративни комуникации на „Виз ер“, Тамара Никифорова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чаир, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода остануваат на врвот по број на активни случаи со Ковид-19 во Скопје

Редакција

Алкалоид регистрираше ново друштво во Велика Британија

Редакција

Општина Гостивар заради пандемијата со Ковид-19 влезе во долг од два милиони евра

Редакција