еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите кои ги именува таа

Владата донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица на самостојни органи на државната управа, на раководни лица во управни организации, агенции, фондови и други правни лица основани со посебни закони, на казнено-поправни установи.

Одлуката нема да предизвика дополнителни финансиски импликации на Буџетот на државата, а како што информираат од таму станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Македонија, којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 438 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево, можни рестрикции наесен за невакцинираните

Редакција

(Фото) Кирковски испишува историја: Не беше лесно, имав проблеми со мрзнење на стапалата на Аконкагва

Редакција