еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Скопјанец со мопед во Бутел удри осумгодишно дете и избега, полицијата го најде

Вознемирувачко видео на кое се гледа како маж со мопед удира дете, а потоа бега, вчера масовно се споделуваше на социјалните мрежи.

На детето му се констатирани телесни повреди во болницата „Свети Наум Охридски‘“.

Полицијата го најде возачот, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи, станува збор за Ч.Т. (63) од Скопје, кој ќе добие кривична пријава по брза постапка за загрозување на безбедноста на сообраќајот, за безобзирно возење и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Несреќата се случила во населбата Бутел на крстосницата на улиците „Ферид Бајрам“ и „Алпи“ во Скопје, на 2. април.

Фото/видео: МВР/Скопје Skopska/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Презентерката Бесмира Ејупи на „испомош“ во Козулатот во Германија

Редакција

Смени во Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција

Случај „Талир 2“: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ не е заслуга на две лица, вели адвокатот на партијата

Редакција