еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случај „Талир 2“: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ не е заслуга на две лица, вели адвокатот на партијата

Правата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во случајот „Талир 2” беа ускратени, изјави правниот застапник на оваa партија, Ружица Николовска, по објавување на пресудата со која седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови се конфискуваат.

– Во текот на постапката не беше сослушан претставникот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за да се произнесе по однос на сите овие околности. Само ќе укажам на една работа. Да се конфискува цел имот на една политичка партија заради некакви дејствија на две обвинети лица е надвор од секаква правна и здрава логика.

Имено, доколку постојат какви било дејствија и е утврдена вина како што тоа судот денеска го стори, тогаш можело да се конфискува и личен имот на обвинетите лица. Овој имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да се толкува дека целиот е заслуга на само две лица, изјави адвокатката Николовска и додаде дека во таа политичка партија има многу други луѓе кои што допринеле за создавање на тој имот.

Воедно, таа најави дека ќе ги користат другите правни средства кои им стојат на располагање и се надеваат дека правдата ќе биде задоволена.

За јавниот обвинител Љубомир Лапе, кој го застапуваше овој предмет пресудата е задоволителна.

По добивањето на писмена пресуда, тој најави дека ќе ги проучаат причините поради кои е изречена алтернативна мерка на обвинетиот Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на партијата и на тогашната Влада, и по проучување на предметот ќе одлучат дали ќе поднесат жалба или не.

Освен седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во делот на конфискација спаѓаат и сите ствари во објектот. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуда за „Талир 2“: Конфискувано седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и штабови на партијата и шест години затвор за Груевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

Редакција

Мукаетов во интервју за српскиот „Магазин бизнис“: „Ќе продолжиме да инвестираме во луѓе, во нови технологии и во истражување и развој“

Редакција

Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел

Редакција