еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во сообраќајка во Скопје загина 50-годишен мотоциклист

Во сообраќајка во Скопје загина 50-годишен мотоциклист.

Сообраќајката, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) се случила вчера на крстосницата од улицата.„518“, улицата. „516“ и булеварот.„Гоце Делчев“.

Во истата се судриле патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С. (43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С. (50) од Скопје.

-Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачките без „Северна“ ќе важат до крајот на годинава, промена во „5 до 12“

Редакција

Плати од 29.866 до 70.052 денари: Објавен оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција

Акциите на „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“ убедливо најтргувани во 2019 година

Редакција