Две лица се во притвор, а и денеска продолжуваат апсења низ цела Србија по вчерашниот терористички акт во Белград, каде што полицаец беше нападнат пред израелската амбасада.
Србија во моментов има црвеното ниво на безбедност, кое според изјавата на сропскиот претседател Александар Вучиќ, најверојатно ќе се задржи до вторник.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека синагогата во Белград била можна прва мета на Милош Жујовиќ, кој го нападна полицаецот.
„Треба да најдеме соодветна причинско-последична врска меѓу активностите на вахабистите и конкретниот настан. Затоа е спроведена широка акција на сослушувања и притвори, а во два случаи е одредена мерка притвор.
За Игор Деспотовиќ, кој беше уапсен во Белград, и Кемал Беговиќ, кој беше приведен при претресот во Нови Пазар. Одзеден му е елекот со знаме на таканаречената Исламска држава,“ изјави Дачиќ за РТС.
Лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име му е Салахудин, преобратеник од Младеновац, кој се преселил да живее во Нови Пазар.
ПОВРАЗНИ ВЕСТИ
Нападнат полицаец пред израелската амбасада во Белград, чинот оценет како терористички
Фото: Unsplash