еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Врвен мотивациски перформанс на Ана Дорник во Скопје

Веднаш по големиот спектакл кој ќе се случи во МТС салата во Белград, Ана Дорник доаѓа во Скопје со свој мотивациски пефроманс, насловен ТрансформациЈА. Нејзиното гостување е закажано за 8. април, во хотел Холидеј Ин, со почеток во 19 часот.

Ана Дорник е една од многуте жени кои заболеле од рак на дојка во Србија. Таа е НЛП мајстор, но пред се хуманист, мотиватор и филантроп. Ана Дорник е жив тестамент за триумф која ја претворила својата битка со ракот на дојката во животно искуство, кое ги инспирира луѓето ширум Србија и регионот.

„Со нетрпение очекувам повторно да се сретнам со македонската публика. Предизивиците со кои се соочуваме секојдневно, не познаваат ниту јазик ниту нација. Преку мојот стенд-ап перформанс ќе биде претставена мојата личната животна борба, мојата храброст и голема желба за живот, во моментите кога ми беше дијагностициран инвазивен, агресивен рак на дојка.

Ова е приказна која одекнува со упорност и триумф, за патување од неволја до зајакнување. Патување кое не инспирира да ја прифатиме нашата сила и да го славиме нашиот придонес за себе и општеството,“ вели Ана Дорник.

Инаку, таа е основач на здружението за едукација, превенција и поддршка на заболените од рак на дојка „Жена уз жену” и автор на книгата „Ти си та”, која е препознаена како психолошка поддршка за девојчиња и жени кои се лекуваат од рак на дојка, но и како водич за здрави жени. Книгата е донирана во многу институти, клиники и здравствени центри низ Србија и регионот.

Таа е добитничка на наградата за животно дело и исклучителен придонес во борбата со рак на дојка за 2022 година. Од 2023 година станува членка на Управниот одбор на Форумот на пациенти на Србија. Добитник е на наградата за исклучителен придонес во борбата против ракот на дојката од страна на руско-српската фондација за култура и наследство.

Ана Дорник е хероина, една од нас, жена која победила во борбата со ракот на дојка и одлучила со своето искуство да им помогне на сите жени кои поминуваат низ иста фаза во животот.

„На мојот мотивациски перформанс ќе зборуваме за тоа зошто е важно да го промениме начинот на кој размислуваме, работиме, одлучуваме и интегрираме. Се што треба е само да се примени она што ќе го слушнете.

И трансформацијата навистина започнува! Овој перформанс не се само за оние кои се соочуваат со најтешката болест, наменет е за сите нам кои секојдневно решаваме предивици, паѓаме и стануваме, мислиме дека светот се руши пред нaшите нозе.

Ќе се обидеме да погледнеме на се ова од една друга страна, која ќе ни покаже дека транформацијата започнува одвнатре,“ ни изјави Дорник.

Ова е трето гостување на Ана во Македонија а на платформата Инстаграм таа веќе има огормрн број на наши следачи кои се нетрпение го очекуваат нејзиното доаѓање.

Покрај Ана Дорник, на перформансот ќе има и изненадувања со специјални гости како и подароци за секој посетител. Партнер на настанот е Vichy а влезниците кои се во ограничен број, можат да се набават онлајн на следниот линк bileti.mk, instagram.com/anadornik.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маглата одложи летови во Скопје, намалена видливост и на неколку патни правци

Редакција

(Видео) Конститутивна седница: На пратениците им се мери температура пред влезот на Собранието

Редакција

Втор медиумски работник: Камерман во МТВ почина од Ковид-19

Редакција