еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски образложи зошто Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се одбиени за пари од унгарскиот кредит

Владата потврди 270 проекти во општините во кои ќе се вложат 4 милијарди денари, а не поминаа проектите на Општина Струмица, Теарце, Сарај, Град Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Град Скопје се одбиени бидејќи конкурирале со проекти ко ишто се некомплетни.

„Бараат автобуси, бараат средства кои се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено имаат отприлика од Владата веќе пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари коишто стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, тоа е булеварот „Хасан Приштина“ веќе две години и за жал ништо не е направено по таа основа, така што очекувам да веќе во следниот период и таму да се подобрат инвестициските перформанси,“ изјави Мицкоски.

За Општина Струмица рече дека не добила, затоа што конкурирала со проект којшто веќе е почнат и проект којшто веќе има избран изведувач, којшто е во тек.

Тој апелираше до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15-ти ноември и да поднесе нови проекти коишто би можеле да се финансираат.

„Понатаму Општина Теарце којашто поднесе проекти преку приватна е-маил адреса. Еве го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, има начин како сето тоа се прави.

Имаме некомплетна документација поднесено од Општина Сарај и очекувам до 10-ти, 15-ти ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус водовод еден, но очекувам дека до 10-ти, 15-ти ноември и тоа ќе биде надминато,“ додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје не добија пари од унгарскиот кредит

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Редакција

Медицинска сестра од Прилеп за личното искуство со Ковид-19: Не му го посакувам ова трауматично искуство ниту на најголемиот непријател

Редакција

На министерски состанок за енергетика во Софија се формираше новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас

Редакција