Остварените единечни вкупни приходи на Гранит АД Скопје во првите три месеци од годинава изнесуваат 596.576 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период лани бележат намалување за 28%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите од продажба за периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 551.348 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 31%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година или во текот на 2024 година, додека нови проекти се уште се во тендерска процедура.
Финансиските приходи за периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 2.655 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат зголемување за 12%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2025 година се во износ од 592.973 илјади денари, а споредено со истиот период 2024 година бележат намалување за 28% и истото е соодветно на намалувањето на приходите од продажба.
Во периодот јануари – март 2025 година, Друштвото оствари добивка во износ од 3.603 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 139.702 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 136.099 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првиот квартал на 2025 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
68 милиони денари за менаџментот на Гранит лани
Гранит ќе дели дивиденда од 38 денари бруто за акција
Гранит лани со намалени приходи