еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во училиштата во Тетово од невакцинираните вработени ќе се бара да прават тест на секои три дена, најави Теута Арифи

Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи бара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата.

Причината се високите бројки на заболени од Ковид-19, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува утре.

-Претставници од Клиничка болница велат дека освен што има болни од Ковид-19, лица над 18 години, исто така, веќе има и точки низ регионот каде што има и заболени деца.

Така ние веќе го имаме пикот и сметаме дека во овие три недели децата треба да бидат надвор од тие движења и да стопираме можни инфекции. После три недели да се вратат со физичко присуство.

Бараме и другите оштини да не поддржат, бројките зборуваат дека тука сме сите, изјави Теута Арифи по денешната средба на општинскиот кризен штаб.

Таа порача дека како општина ќе бараат сите вработени во образовните установи да се вакцинираат или да се тестираат на секои три дена.

-Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат.

Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети, ние ќе го спроведеме, поради здравје на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето. Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави, изјави Арифи.

Според Теута Арифи во тетовскиот регион воведување карантин не е опција туку масовната вакцинација како начин за надминување на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки, смета заменик-министерот за здравство

Пет смртни случаи од Ковид-19 изминатите 24 часа во Тетово

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пратеникот Влатко Ѓорчев на терен помагаше по земјотресите во Албанија

Редакција

Грозоморни убиства низ Македонија: Пронајдени човечки трупови во резервоар за гориво од камион и вреќа

Редакција

Во службената белешка за Камчев има сериозни аргументи, вели Заев

Редакција