еМагазин
Image default
Македонија

Тетово го достигна пикот, не треба да се претерува со дополнителни мерки, смета заменик-министерот за здравство

Заменикот-министер за здравство Или Хасани деновиве учествува на сите состаноци кои ги има кризниот штаб за Општина Тетово, а на средба со новинарите истакна дека нови дополнителни мерки за градот и регионот не се потребни, сметајќи ги како контрапродуктивни.

Тој ја оценува состојбата како влошена, а неговото присуство и ангажман во Тетово е во насока на уште поголемо зголемување на вакцинираните луѓе.

– Бројот на пациенти се следи, не е голем како што беше пред една недела и се надевам дека дека во Тетово се достигнува пикот на болеста, што не значи дека тој пик е постигнат во цела Република.

Тетово веројатно порано „гори“ во однос на другите места, заради сите општи работи и фактори кои настааа во овој регион. Капацитетот на Тетовската болница, која е флексибилна, е до 130 места. Отворени се капациитети и во Скопје, рече Хасани.

Според него, не се потребни дополнителни мерки за заштита од Ковид-19 само за тетовскиот регион.

-Ние ги гледаме сите параметри во Комисијата за заразни болести, утре во осум часот има нова средба и ќе се дискутира за нови мерки. Лично мислам дека не треба да се претерува со мерките затоа што се контрапродуктивни, како собирањето пред маркети, пред и по карантински денови.

И овие мерки можат да помогнат, не може да се каже дека народот е недисциплиниран, туку индивидуи. Јас ги поздравувам совесните граѓани, сметам дека не може да се генерализира. Треба да се одржува дистанца, да се носи маска, да не се прават свадби, прослави и забави, рече заменик-министерот Хасани. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во училиштата во Тетово од невакцинираните вработени ќе се бара да прават тест на секои три дена, најави Теута Арифи

Пет смртни случаи од Ковид-19 изминатите 24 часа во Тетово

МИА/Фото: Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

48,38% е излезноста на првиот круг од претседателските избори, повисока отколку на последните избори

Редакција

Четворица ослободени во случајот „Змиско око“, кој се води 13 години, за останатите условни казни

Редакција

Во Косово уапсени Красниќи и Точи кои беа барани со потерница од МВР

Редакција