еМагазин
Image default
Македонија

Проширена истрагата за нелегалните пасоши

Издавањето на новите лични карти се одвива нормално и досега се издадени 13.000 од овие лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Издавањето тече нормално, испечатени се повеќе од 13 илјади досега, се работи, така што ние очекуваме најмногу две недели да трае целиот процес на печатење на оние коишто практично чекаа на одобрување и на печатење, меѓутоа, секако доколку успееме да го забрзаме тој процес и тоа ќе го направиме.

Ние сме во постојан ангажман на вработените и според новиот начин на работа, така што ќе направиме се што е можно побрзо да ги добијат и оние лица коишто чекаа на одобрување, меѓутоа секако и редовно да тече издавањето на новите, рече Спасовски на новинарско прашање во врска со надминувањето на проблемот што го имаа околу 40.000 граѓани со истечени лични карти заради блокирањето на новиот Закон за лични карти од страна на Левица со голем број амандмани.

Прашан во врска со тоа до каде е истрагата за нелегалните пасоши, Спасовски посочи дека истрагата е проширена.

-Знаете дека еден дел од истрагата заврши, таму имаме веќе приведени лица на коишто им се изречени првостепени пресуди.

Истрагата е проширена, се работи веќе на вториот дел од истрагата, на проширувањето, така што секој еден без разлика дали е на едно или на друго ниво во МВР или надвор во другите институции секако дека ќе носи одговорност.

Меѓутоа, за секој еден детал кога ќе бидеме во можност да соопштуваме во јавноста тогаш ќе ги добиете информациите во однос на овој дел, вели Спасовски на новинарско прашање.

За издавањето на регистерски таблички со новата ознака НМК, министерот за внатрешни работи кажа дека тие веќе се издаваат согласно уставните амандмани и уставниот закон.

– Ние издаваме таблички коишто се со новата ознака така како што е предвидено и тие ќе бидат заменувани кога ќе дојде моментот. Значи, имаме период најмногу за пет години за да биде извршена целосната замена, нагласи Спасовски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Редакција

Меџити, Касами и Гаши денеска на средба за можна соработка

Редакција

Катастрофалните здравствени трошоци остануваат предизвик за Македонија, велат од СЗО

Редакција