еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грчко МНР: Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам, прашањето за Договорот покренато на меѓународно ниво

Раководството на Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, реагираа денеска од грчкото Министерство за надворешни работи.

Од тука, како што нагласуваат од таму, владата се враќа на дејствија од минатото, кои алудираат на иредентистичко расположение и, како што велат, “целосно непознавање на историјата“.

„Грчкиот министер за надворешни работи веќе детално ги покрена релевантните прекршувања на своите колеги во Советот за надворешни работи и ќе продолжи да го прави тоа.

Дополнително, ова прашање е покренато на меѓународно ниво од страна на грчката Влада“, се вели во соопштението.

Како што додаваат од таму, “раководството на Северна Македонија секојдневно се повеќе се оддалечува од добрососедските односи кои го сочинуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средбата на Сиљановска со преставници на здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија предизвика „бура“ во Грција

Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет и ги обвини Мицкоски и Сиљановска за негово непочитување

Бугарија бара ЕУ да ја потсети Македонија за францускиот предлог

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарската претседателка Каталин Новак утре во посета на Македонија

Редакција

„Дигитал медиалаб“ го доби тендерот на Владата за набавка на систем за биометриска идентификација вреден 104.000 евра

Редакција

Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите

Редакција