еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дали е мудро повторно да се отвора прашањето со Грција?, вели Мајк Зафировски за Договорот од Преспа

Дали е мудро повторно да се отвора прашањето со Грција?, прашува во интервју за 360 степени емитувано на МРТ1, Мајк Зафировски од Македонија2025, познат македонски бизнисмен од САД, по најновите случување во врска со Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција.

-Сигурен сум дека тоа што ќе го кажам ќе предизвика гнев кај некои луѓе. Ако му зборувам на македонскиот народ, ќе гледам во камерата. Мислам дека сум Македонец патриот, ја љубам оваа земја, ја љубам иднината за неа. Но, можеби оваа перспектива е премногу практична, двајцата премиери што го потпишаа Договорот од Преспа, ги загубија следните избори.

Голем дел од причината беше договорот за името. Кога грчкиот премиер и Заев повеќе не беа на власт, имаше многу незадоволство на двете страни. Од перспектива на бизнисот, историја на преговори, ако на двете страни има некакво незадоволство, вообичано тоа значи дека тоа е најдобриот договор што можел да се добие. Се прашувам, ако повторно го отвориме прашањето, дури и на ниво на сомнеж, дали е мудро да се прави тоа?, вели тој и порачува “бирајте ги битките во кои можете да победите“.

-Ние ја нарекуваме Македонија приватно и на други места, но ако имате договор… Повторно, ако имате 11 или 12 големи прашања, дали Ви требаат дополнителни одвраќања од вниманието?

Уште една перспектива, без да навлегувам во историјата, ручав со претседателот Иванов пред десет години. Му поставив прашање – ме интересира, љубопитен сум за преговорите за името, колку од вашето време трошите на грчкото прашање? Ми рече 90%. Пак го прашав – вие или и премиерот и персоналот. Мислев ќе рече, само јас. Ми рече и премиерот и персоналот. Ми рече, сите ние.

Во практична смисла, можеби сум премногу далеку од Македонија, кога ги имате сите овие предизвици, ако трошите 90% од времето, не велам дека е неважно прашање, колку Ви останува за да ги решавате другите проблеми?

Тоа што го велам е дека, имајќи ги предвид сите предизвици, би се обидел да најдам начин да го оставам тоа прашање настрана и да гледам напред. Ако сакате да промените, мислам би било многу тешко да постигнете нешто подобро отколку тоа од пред неколку години.

Повторно, ова е лично мислење, не на „Македонија2025“. Јас сум патриот, навистина сакам да се намали „одливот на мозоци“, да се крене земјата на следното ниво. Бирајте ги битките во кои можете да победите, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа

Фото: Македонија2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција

Апелација повторно ја укина ослободителната пресуда за „Тревник“ за Латас и неговите браќа

Редакција

Кои привилегии ќе ги има Иванов откако му истече мандатот

Редакција