еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дарко Костадиновски е нов претседател на Уставниот суд

Уставниот суд конечно по десет гласања, доби нов претседател.

На оваа функција денеска со шест гласа е избран уставниот судија Дарко Костадиновски, кој го добил потребното мнозинство, односно шест гласа од неговите колеги, уставните судии.

Тој има мандат од три години и нема право на реизбор.

Костадиновски доаѓа на местото на Добрила Кацарска, на која и заврши мандатот на 2. јуни.

Во „игра„ за нов претседател беа и уставните судии Осман Кадриу, Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 октомври пониски цени за за роаминг за мобилен интернет меѓу Западен Балкан и ЕУ

Редакција

Потребна е мобилна скалишна столица за малата Јована, која боледува од ретка болест

Редакција

(Фото) Македонија2025: Уште едно одлично издание на Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност

Редакција