еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21. април во 13 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19 часот (сабота) до 21 часот (недела), информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“.

Исто така, на 21.04.2024 во 20 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните,“ се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостиварец обвинет за пренесување на бруцелоза, му следува парична казна

Редакција

Фазлиу реагира на кривичната од Финансиска полиција: Се бара криминал таму каде што не му е место, а се затвораат очи таму каде што и слепиот го гледа

Редакција

ЦГК: Општинските тендери лани скокнаа за една третина, „ЈУ-БАЈ“ и „Пуцко петрол“ меѓу „рекордерите“

Редакција