еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Денеска концерт за три света за 50 години музичка кариера на Џафер

Денеска во Јавна соба ќе се одржи концерт за душа, за уво и за јубилеј. Концерт за паметење по повод 50 години музичка кариера на Мики Јовановски – Џафер.

На концертот се најавени голем број на гости музичари и се очекува да биде вечер на обединување на генерациите во Скопје со времеплов од 90-тите до денес.

Мики Јовановски – Џафер, македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др..

Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на “Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски – Џафер награда за интерпретација.

Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски – Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“, „Мики мој“, „Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света “.

Билетите може да се набават онлајн на: drugastrana.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Д-р Пановски“ го доби тендерот на Министерство за здравство за набавка на биолошка терапија вреден 13,3 милиони евра

Редакција

Шпанија донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа

Редакција

Борче Стаменов кој склопува и поправа стари компјутери за оние кои не можат да си купат, денеска го подари 500-от компјутер

Редакција