еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е редоследот на кандидатските листи за парламентарните избори

Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на кандидатските листи за парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8. мај.

Под број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 – Коалицијата “Европски форнт“, број 5 – Левица, број 6 – Коалицијата „Вреди“, број 7 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, број 8 – Единствена Македонија, број 9 – Нова алтернатива, број 10 – Аваја, број 11 – Европско граѓанско движење, број 12 – Македонска ера трета/Македонски независни листи, број 13 – Твоја партија, број 14 – Родина Македонија, број 15 – Десна, број 16 – Демократи и број 17 – Работничка партија.

Прифатени се и листите за пратеници на Демократи – Скопје за Изборна единица 6 (ИЕ), на Единствена Македонија за ИЕ 1, 2, 3, 4 и 5, на Нова алтернатива и Десна за ИЕ 1, 2 3 и 4, на Работничка партија за ИЕ 1 и 5, и на Родина Македонија за ИЕ 3.

Поради некомплетна документација отфрлени се листите на кандидати за пратеници во ИЕ 2, 3, 4 и 6 на Работничка партија, листата на Едниствена Македонија за ИЕ 6 и листите на кандидати на Десна за ИЕ 5 и 6.

За листата на Работничка партија за ИЕ 6, од ДИК информира дека се воочени специфични неправилности за кои се известени надлежните институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест лица биле на возраст од 30 до 49 години: 77 починати од Ковид-19 минатата недела

Редакција

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Редакција

Османи: Да се најде консензус за избори на почетокот на јули

Редакција