еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска и утре невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Редакција

Војната во Украина донесе енергетска криза и безбедносни предизвици, вели Пендаровски

Редакција

Европскиот парламент со резолуција бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности на изборите во Србија

Редакција