еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК прифати 7 од 27 приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) прифати седум од вкупно 27 приговори за парламентарните избори.

Треба да се прегласува во Желино, избирачко место (ИМ) 2101, приговор поднесен од коалицијата „Вреди“, во Охрид, ИМ 1272, приговор поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“, Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202, приговори поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“, Струга, ИМ 1844, приговор поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“ и коалицијата „За Европска иднина“ и Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1, приговор поднесен од коалицијата „Твоја Македонија“.

Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба, се одбиени или повлечени.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Драма“ на седницата на Судскиот совет: Членот Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач

Редакција

Ги сакаме Македонците и македонскиот јазик и не мислиме дека не постоите, порача Вучиќ од Прохор Пчински

Редакција

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Редакција