еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега изборниот процес се одвива мирно, велат од МВР

До сега Министерството за внатрешни работи (МВР) нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на првата прес конференција на МВР.

„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово село Баница, струмичко и Општина Боговиње, но по преземени мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.

МВР апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МПЦ-ОА ги повикува верниците и граѓаните на масовно гласање

До 11 часот излезноста на претседателските 12,87, а на парламентарните 13,69%

Што ако денеска нема цензус и не се избере нов претседател на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен Конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за набавка на бензин и други горива вреден милион евра

Редакција

Вчера се вакцинирале 6.521 граѓани, што е двојно помалку за разлика од претходните денови

Редакција