еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До недела сончево време со студени утра

Времето денеска изутрина ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 19 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35, на депозитите 0,71%

Редакција

Од коронавирусот во светот починаа 3.284, заразени се 95.488, а оздравеле 53.689 лица

Редакција

Техничка причина или изговор: „Газпром“ не може да гарантира дека гасоводот „Северен тек“ преку кој се доставува гас во Европа ќе може добро да работи

Редакција