Техничкиот премиер Талат Џафери денеска достави допис до претседателот на Собранието, Јован Митрески, со кој се предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кадри на Алијанса за Албанците (АА).
Нивната смена е резултат на кавгата на претседателот на АА, Арбен Таравари и поранешниот лидер Зијадин Села. И двајцата застанаа на страната на Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите Меџити и Алиу пред разрешување поради несогласувањата на Таравари и Меџити
Во дописот како што информираат од Владата, тој предлага Собранието да ги избере Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, и двајцата кадри на АА, кои вчера ги предложи партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе ја „падне“ ли и техничката влада кавгата на Таравари и Села?
Алијанса за Албанците најде замена за министрите Меџити и Алиу, кои застанаа на страната на Таравари
Каков имот пријавила разрешената директорка на Пошта, кадар на АА, која застана зад Таравари
Фото: Влада