Денеска на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади, Грција буквално ќе биде блокирана, јавува екипата на еМагазин од Солун, каде ќе биде и еден од централните протести за кој ќе информираме од терен.
Во земјата ќе има 262 протести, а најавени се и 120 протести и на грчката дијаспора низ целиот свет.
Во Грција денеска нема да функционира бродскиот, авионскиот, железничкиот и речиси целиот јавен сообраќај, нема да работат продавници, ресторани, таверни, кафулиња, ноќни клубови, театри, нема да возат таксистите…
Очекувањата се дека протестите ќе бидат историски по масовноста, а централните се во Солун и Атина.
На протест излегуваат најголемите грчки синдикати на вработените и во државниот сектор и во приватниот сектор, адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници, новинари…
Очекувано, единствената тема за која денеска известуваат грчките медиуми е железниката несреќа и најавените протести.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција