еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нова трансплатација: Срцето на 44-годишна донаторка почна да чука кај пациент кој боледува од тешка кардиоваскуларна болест

Рано утрово срцето на 44-годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука, информира на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче.

“Следните денови се критични. Да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган.

Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.

Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем.

Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот“, напиша тој.

Министерот претходно информираше дека доцна синоќа, во 23 часот, медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44 годишната пациентка, која вчера попладне беше дијагностицирана со мозочна смрт.

“Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.

Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка.

Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година.

Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија“, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Марко Колев, новиот градоначалник на Велес

Редакција

Нови 75 заболени од корона вирусот од 832 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, препорака за автокефалност, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх

Редакција