еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Добивме уверување од ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија ќе продолжи по европскиот пат, вели Ескобар

Од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја формира идната македонска влада, “добивме уверување“ дека Македонија ќе го продолжи европскиот пат, изјавил заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

-Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, вели тој.

Прашан дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за спроведување на Договорот од Преспа се` уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, тој вели:

-Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО.

И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија (ВМРО-ДПМНЕ) која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат, одговори Ескобар.

Посочува дека „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.

-Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада, изјави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

САД повикува на почитување на Преспанскиот договор и охрабрува продолжување на дијалогот меѓу Скопје и Софија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Редакција

Казни за 624 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Редакција