еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жена од Охрид загина во сообраќајка на магистралниот пат Тетово – Гостивар

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В. (47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А. (19) од Гостивар.

-Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В. (47) и сопатникот С.В. (69) од Охрид, констатирани во Ургентен Центар Гостивар.

Сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.

Увид на лице место ќе врши екипа при ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема активни пожари, 12 изгаснати во изминатото деноноќие

Редакција

(Галерија) Oтворен новиот продажно-сервисен Hyundai центар

Редакција

Дојави за бомба и во Ист гејт и кулите на “Џевахир“

Редакција