еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Партијата „ЗНАМ“ на Димитриевски за неколку часа ги собра потписите за регистрација

„Движењето за наша Македонија – ЗНАМ“ ги собра потребните потписи согласно Законот за регистрација на политичките партии и следниот чекор, како што денеска изјави творецот на оваа иницијатива Максим Димитриевски, ќе биде поднесување на документите пред надлежниот суд за регистрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ЗНАМ“ – нова партија во Македонија, кој освен Максим Димитриевски е дел од истата

Според Димитриевски, кој е актуелен градоначалник на Куманово, подготвени се да излезат на избори без разлика кога и да се одржат, но од економски аспект подобро би било да се одржат во ист временски период.

– Движењето ЗНАМ за наша Македонија е подготвено да излезе на фер, демократски и легитимни избори кога и да се одржат без разлика дали се работи за претседателски или парламенарни избори, но секако треба да се водиме и од тоа дека треба да се прават заштеди во Буџетот.

Еден изборен круг чини многу пари и можеби е многу попрагматично државата да организира избори во ист временски период. Како и да одлучи парламентараното мнозинство, ние ќе ја почитуваме таа одлука, ќе се организираме и ќе излеземе на избори, изјави денеска Димитриевски.

Очекува победа на изборите и преземање на одговорноста да менаџираат со државата.

– Можеби тоа некому му звучи нереално, но така беше и за Куманово и тоа се случи. Верувам дека со оваа енергија и со дополнителните тимови што ќе ги изградиме, ќе бидеме во можност да понудиме реално остварлива програма, рече Димитриевски.

За анкетите што изминатите денови се пласираа во јавноста, Димитриевски рече дека тие не ја отсликуваат реално ситуацијата и оти со нив се манипулира со јавноста.

Одлуките кои ќе бидат кандидатите за претседателските и за парламентарните избори, како што посочи, ќе ги носат партиските тела врз основа на реални сондажи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски за првпат зборува за приватниот живот: Сопругата Надица ми е коректор

МИА/Фото: Димитриевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Претседателот Стево Пендаровски ги посети вработените во лабораторијата при ИЈЗ

Редакција

Највисоки просечни нето-плати во јануари

Редакција

(Табела) Најголема смртност од Ковид-19 во градовите каде има помал процент на вакцинирани

Редакција