еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заврши сведочењето на Палевски, ги негира сите обвинувања

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со испрашување на Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, од страна на застапничките на обвинението на Основното јавно обвинителство, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ, заврши неговото сведочење.

Со тоа заврши и процесот на сведочење на сите обвинети.

Палевски како и на претходните рочишта негираше инволвираност во грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, посочи дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан и дека целиот процес е политички прогон против него.

Тој и денеска спореше докази на Обвинителството и повторно презентираше своја верзија на настаните за кои е обвинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски тврди дека доказите против него биле фалисификувани

Палевски го спори денот на убиството на Жежовски, во Турција отишол за да земе и доказ дека Гоце Делчев го убиле врховистите

Палевски негира дека ги убил и грабнал Вања и Панче

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случајот „Соравија“ за внукот на Али Ахмети, се уште во предистрага

Редакција

Назначен нов судија – поротник, продолжуваат судењата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“

Редакција

На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах

Редакција