еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Назначен нов судија – поротник, продолжуваат судењата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“

По назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“, „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23 август 2021 година, ден потоа на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3 септември, додека за „Тендери“ на 6 септември, за што веќе се известени странките во постапката.

Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години возраст.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците од 14 мај ќе може да патуваат во Грција, потврди грчкиот министер за туризам

Редакција

Регистрирани нови 332 прекршоци за неносење маска

Редакција

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

Редакција